Вечерва, на предизборно соочување на кандидатите за градоначалник на Куманово на ТВ Плус, кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски истакна дека Владата врати долг од 2 милиони евра, а општината должела 4.2 милиони евра, а не 11 милиони евра како што некој манипулира.

“Во извршно решение стои и во камата, потврдено е и со допис до Владата од Општината. Само ЈП Водовод беше долгот 7.3 милиони евра, сега 8.3 милиони евра, за еден милион плус додадено задолжување”.