По средбата со граѓаните од населбата Гоце Делчев, на денешната прес конфенренција, кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски најави реконструкција на улиците во самата населба.

„Во Гоце Делчев мора да се реконструираат и асфалтираат улиците: Лесковачка, Никшиќка, Тоде Думба, Титова Митровачка и кошеви. Да се изградат тортоари и хортикултурно да се уредат. Граѓаните тука имаат потрба од урбано катче, детско катче и мултифункционално игралиште“- потеницраше Илиевски.
Тој истакна дека постои однапред утврден план и стратегија, со финансиска конструкција за сите проекти.

„Секој денар- пари од граѓаните ќе знаете како е искористен. Знам колку ви значи да знаете дека работиме отчетно и транспарентно. Наше е да аплицираме во соодветното министерство и трајно да ги решаваме проблемите.“- рече Илиевски.

Илиевски истакна дека во наредниот период од четири години ќе биде во постојана комуникација со граѓаните и дека секоја нивна сугестија за местото каде живеат ќе биде прифатена и исполнета во рамките на можностите.

„Да продолжиме со проекти кои носат напредок за Куманово и европски начин на живот“- заврши Илиевски.