Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово во дебата на ТВ24 му посочи на Димитриевски да не манипулира со граѓаните, да не ветува, луѓето сами зборуваат дека дава нереални ветувања.

“9 милиони евра чини канализација во Романовце, Димитриевски на дебата рече нема пари да ја изгради и сега пак ги лаже граѓаните со истата канализација во својата програма. Тој исто така рече дека нема да може да изгради училиште за албански наставен јазик “Сами Фрашери”, а сега пак го има во програма.

Кој манипулира и кок дава лажни ветувања?” заврши Илиевски.