Министерството за култура со Годишната програма повторно финасиски ги поддржа „OFF Fest“ и Скопскиот џез фестивал со над пет милиони денари, но и покрај ваквата најголема поддршка од државата за една организација и повеќедецениското постоење на фестивалите, организаторот „Скопје Џез Фестивал“ не успева да ги направи самоодржливи.

Оваа организација низ годините редовно добивала и добива средства од државата за организација на OFF Fest и на Скопскиот Џез фестивал, како манифестации од важно значење за државата. Сепак после повеќедецениско постоење на фестивалите, за очекување е нивното финансирање да стане независно и да може да обезбедува доволно средства од продажба на билети и приватни спонзорства.

Но, наместо тоа, организаторот се одлучува да го откаже реномираниот „OFF Fest“, бидејќи сумата која ја добиле од министерството била пониска од тоа што тие очекувале.

Очекувањето фестивалите да се организираат само со државна помош и покрај изграденото реноме, можност за привлекување на спонзорства, како и прибирање средства од билети, кои за овие два фестивала се далеку од евтини покажува дека организаторот не се грижи за манифестациите и нивната вредност, туку само за извлекување средства.

Организација која редовно добива најголеми средства од министерството, да се жали и откажува фестивал поради помала сума од очекувањата е непочитување на останатите културни работници во државата, кои исто така придонесуваат за развојот на културата и културната сцена во земјава.

Наместо откажување, останатите културни работници кои се одбиени од конкурсот на Министерството за култура или добиле помали средства од тоа што очекуваат, се зафаќаат со работа и ги организираат манифестациите со сопствени средства, преку спонзорства и продажба на билети, а не ја напуштаат идејата и манифестацијата.