Втор ден по ред, во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.820 новозаразени, од кои повторно најголемиот дел се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, додека пак починаа девет лица.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, 1.061 случај е во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн.

Вчера беа регистрирани над 1.700 заразени, по затишјето кое што се случи кон крајот на минатиот месец.