Дмитри Медведев, поранешен руски претседател близок до актуелниот руски претседател Владимир Путин, упати нова закана кон Западот.

Според Скај њуз, Медведев рекол дека Русија би можела да го ограничи извозот на земјоделски стоки само во „пријателски“ земји во светло на санкциите што Западот ги воведе кон Москва поради инвазијата на Русија.

Тој рече дека Русија, еден од водечките светски извозници на пченица, ќе ја разгледа состојбата со снабдувањето со храна и земјоделството и ќе објави „некои едноставни, но важни упатства за безбедноста на храната во Русија“.

„Имаме многу пријатели, но ги нема во Европа и Северна Америка.

„Ќе извезуваме храна и земјоделски производи само за нашите пријатели. За среќа, ги има многу, но ги нема во Европа и Северна Америка“, рече Медведев.

Заканата на Дмитриј Медведев доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „непријателските“ земји кои од денеска купуваат руски гас мора да го платат во рубљи. Најсилните европски економии, како Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, веќе ја отфрлија таквата уцена.

Да потсетиме, Путин во изјава за руска телевизија рече дека се одлучил на таков потег со цел да го „зајакне рускиот суверенитет“.