Осум лица загинаа, а најмалку 13 се ранети во престрелката што се случи вечерва во Младеновац.

У.Б. е осомничен дека околу 23 часот по расправија со другарите во училишниот двор во Дубона отишол дома, земал калашников и пукал.

Откако повредил голем број луѓе, влегол во автомобил и започнал крвава треска во околните места.

Околу 600 припадници на специјалните единици трагаат по напаѓачот.

Во акцијата за пребарување се вклучени сите специјални единици и хеликоптерската единица на МВР на Србија.

Како што претходно најавија од МУП, започна акцијата „Вител“.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ синоќешната престрелка во Младеновац ја оцени како терористички чин.

Најмладата жртва е дете родено во 2008 година, пишува РТС.