Целиот регион го потресе веста дека е пронајдена мртва Вања Горчевска (14) по која Балканот трагаше, а сега се појавија нови детали од бруталното убиство.

Според медиумите Вања била киднапирана со намера родителите да и платат откуп, но дека била убиена набрзо откако била киднапирана.

Откако продолжила потрагата по неа, полицијата соопшти дека е пронајдено нејзиното тело, но ги откри и деталите.

Според изворите на медиумите, сторителот на грозоморното убиство на 14-годишното девојче е градежен претприемач од Скопје Љ. П., кој неодамна беше приведен во Хрватска.

Тој е еден од петтемина осомничени за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено во близина на скопското село Орман. Истите пет лица се товарат за убиството на велешанецот Панче Жежовски (74), од кои тројца се во притвор, еден е во бегство во странство, а еден е приведен.

За утрово во 9часот и 30 минути најавена и прес конференција на која ќе се обрати и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.