Холандската влада одлучи да испрати 200 противвоздушни ракети „Стингер“ во Украина.

Во заедничкото соопштение на министерствата за надворешни работи и за одбрана се наведува дека Украина побарала дополнителна воена материјална поддршка и дека ќе и биде дадена.

Се наведува дека во најкраток можен рок на Украина ќе и бидат испорачани 200 противвоздушни ракети „Стингер“.