МВР ја информира јавноста дека денес поради најавено одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, од крстосницата на булеварот „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булеварот 8-ми Септември и околните улици.