Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. Гувернерката учествува во дискусиите на тркалезната маса на кои претседава г-а Георгиева, а коишто се посветени на предизвиците на економиите во регионот во услови на сѐ поприсутна геополитичка фрагментација и на постигнувањето енергетска стабилност за економиите. Притоа, ќе се разговара и за поддршката на Фондот за земјите членки коишто се соочија со неколку последователни кризи во светски рамки.

Во рамките на дводневната конференција се разгледаат повеќе значајни теми поврзани со тековните предизвици, како што се обезбедувањето енергетска сигурност за време на зелената транзиција, приспособување кон промените во меѓународната трговија и синџирите на снабдување, како и водењето на макроекономските политики во време на константни шокови на страна на понудата. Конференцијата ја отвораат премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, гувернерот на ХНБ, Борис Вујчиќ и претседателката на ММФ, Кристалина Георгиева.