Горан Герасимовски како човек ги има сите вредности коишто центарци ги сакаат достоинственост, воспитаност, образованост, држење до она што е човечко достоинство, вели политичарот Ѓунер Исмаил за Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар.

„ Ние граѓаните, неговите соседи, неговите постари другари, пријатели познавајќи го како еден извонредно образован млад човек, како еден извонредно, ние старите држиме и до тоа и воспитан човек ќе биде тој со којшто не само ќе се гордееме туку ќе имаме врата, ќе имаме потпора да продолжиме и понатаму да стануваме граѓани коишто ќе живеат еден подостоинствен живот“, вели Ѓунер Исмаил.

Ѓунер Исмаил е еден од основачите на „Форум“, публицист, поранешен министер за култура.

Тој истакнува дека од Горан пред се центарци очекуваат да продолжи да ги санира последиците од катастрофата на „Скопје 2014“ во соработката со Град Скопје и другите институции, но ид а ги реши горливите проблеми на граѓаните.

„Центарци очекуваат сепак да разреши некои тегобности на нивниот секојдневен живот тоа се пред се паркирањето се разбира, дополнување на сите зелени површини со уште по некое дрвце, со уште по некое парче трева, зеленило се разбира расчистување на некои дилеми со некои урбанистички решенија коишто претходната управа не успеа до крај да ги разреши. Тоа се работите коишто ги очекуваме од Горан и се разбира администрацијата на општината да биде многу поефикасна, поажурна во служба на граѓаните и таму каде што ќе каже „не“ да објасни зошто рекла“ – заклучува Ѓунер.