Скопје, 6 Јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, г. Артан Груби оствари денес средба со новиот амбасадор на Република Косово, г. Флоријан Ќехаја.

Груби во оваа прилика му честиташе на амбасадорот Ќехаја за новиот мандат и ја истакна неговата поддршка за успешното исполнување на неговата мисија во земјава.

Заедно тие заклучија дека билатералните односи меѓу двете земји се на потребното ниво и исто треба да се продолжи со напорна работа за зајакнување и консолидирање на меѓународниот субјективитет на Косово на патот кон евроатлантските интеграции, додека Северна Македонија е подготвена да го понуди нејзиното искуство како членка на НАТО.

На оваа средба дел од разговорот беа и инфраструктурните проекти, меѓу кои и автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8, патот Тетово – Призрен, како витални и многу важни проекти за поврзување не само на нашите две земји, туку и на целиот Западен Балкан.

На средбата се разговараше и за проектот One stop shop кој треба да започне што поскоро да се реализира преку кој ќе се отстранат границите и ќе има олеснувања во размената на стоките и движењето на граѓаните, додека утре се очекува да се сретнат комисиите на двете земји од различни дикастери, меѓу кои Министерствата за внатрешни работи, Царината и другите институции кои се вклучени во овој проект, со цел да се поттикне конечната реализација што е можно поскоро.

Груби истакна дека Република Северна Македонија и Република Косово треба да соработуваат со цел да се отстранат сите бирократски пречки што постојат во сите случувања од политичкиот, културниот, економскиот, трговскиот и сите други сфери на животот за подобра благосостојба на сите граѓани.