Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, денес ги поздрави академскиот кадар и студентите по повод почнувањето на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет.

„Нема подобра инвестиција за една земја од отворањето центар на знаење бидејќи овде се разјаснува погледот од хоризонтот на сигурните животни перспективи за напредок. Нашата земја постигна забележителен напредок во градењето квалитетни високообразовни капацитети, постигнавме одлична соработка со инвеститори, кои со отворањето на универзитетите придонесуваат за развојот на државата“, истакна Груби.

„Посакувам прогресивен континуитет во неопходното подобрување на квалитетот на образованието, процес што бара посветеност на сите нас. Нема друг пат до напредок, освен патот на знаењето. Негувајте го секој ден од вашиот живот поминат во ова гнездо на знаење. Никогаш нема да ја пропуштите нашата поддршка“, истакна Груби.