На крајот од месец март, Државниот завод за статистика ќе ги објави податоците од пописот кој се спроведе минатата година.

На оваа тема вечерва разговаравме и со првиот вицепремиер Артан Груби кој рече дека Албанците на пописот ќе излезат толку колку што се.

„Убеден сум дека резултатите од пописот ќе бидат објавени на крајот на месецот и резултатите ќе бидат добри и општоприфатени. Има некои трагични да ги наречам изјави од одредени личности, но тоа оставам на нив да ги објаснат. Што се однесува на Албанците, тие ќе бидат толку колку што се, сите да бидат мирни дека бројките од пописот ќе бидат релевантни и веродостојни. Многу митови ќе се разбијат“, изјави Артан Груби – прв вицепремиер.