Грчките власти денеска соопштија дека на барање на украинската влада во таа земја испраќаат муниција, пушки и ракетни фрлачи.

Воена помош е одлучена на утринава средба меѓу премиерот Киријакос Мицотакис и високи претставници на Министерството за одбрана, пренесува АП.

Транспортен авион Ц-130 со опрема пристигнал во Полска, а останатите ќе пристигнат нешто подоцна, потврди еден функционер на Министерството за одбрана.

Уште два авиони со хуманитарна помош – ќебиња и храна – полетаа од меѓународниот аеродром во Атина кон Полска, изјави грчки официјален претставник.