Денеска 15.11.2022 (вторник) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.

Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:

– Маврово Ростуше, говорник: Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
– Врапчиште, говорник: Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ
– Центар Жупа, говорник: Вангел Андрески, организациски секретар на СДСМ

Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Гостивар – Дом на Култура „АСНОМ“ во 20.00 часот.