Известување до граѓаните за подмирување на обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година

Град Скопје ги известува сите граѓани дека ќе пристапи кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства неплатени обврски кои не се подмирени по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година.

Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година.

Се известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk).

За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви 02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434, како и на следните е-маил адреси: Anita.Nakov@skopje.gov.mk, NuredinNuredini@skopje.gov.mk, Gabriela.Spasova@skopje.gov.mk, Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk и Ivan.Milovanovikj@skopje.gov.mk.