Vestiplus.mk
+БИЗНИС

Горивата повторно поскапуваат: РКЕ ги соопшти новите цени кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Согласно оваа одлука цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,895 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 5.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,863 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира...

(ГАЛЕРИЈА И ВИДЕО) Северна Македонија со спасувачка мисија за уште 44 граѓани од Авганистан, активисти на организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin) основана од принцот Чарлс

В+

Љубица Јанчева: Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, се вратија и режимските методи, но нема никого да уплашат

Vesti +

Расчистена кражба во Скопје, следува кривична пријава

Vesti +

SKOPJE CITY MALL најавува late night shopping во холивудски стил

Vesti +

Маричиќ: Што повеќе се одложува решението со Бугарија тоа помалку ќе има решителност и енергија

В+

Мажите се згрозени од ова морничаво СЕПИЈАНСКО ВЕРУВАЊЕ: „Ако не се напиете кафе брзо и се олади – црно ви пишува“

Vesti +