
На Медитеранот, топлотниот бран се уште е во полн ек. Грција забележа највисоки температури од 1987 година, а сателитските мерења покажуваат дека тие достигнуваат и до 53 степени.
Во Турција беснеат пожари.
Ова се само некои од крајностите што ги видовме низ Европа во последните месеци, а кои научниците ги поврзуваат со климатските промени.
До крајот на месецот, треба да се знаат резултатите од истражувањето на поплавите во Германија, што ќе покаже колку човекот влијаел врз нив.