На 23.10.2022 во 09.30 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Бошко Корчагин“ во Прилеп, во куќа сопственост на М.З.(28), настанал пожар во кој биле опожарени просторија со покуќнината во неа и дел од покривната конструкција. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарната единица од Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.