Вечерва во 17.20 часот во скопската населба Хиподром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода лицето со иницијали Е.Л.(31) од Скопје, соопшти полицијата.

Уапсениот бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 236 и член 242 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување затворска казна од пет години и пет месеци, информираше вечерва полицијата.