На 10.03.2022 ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга и А.С.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела: „измама“, „злоупотреба на личните податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“. Првопријавениот П.С., во периодот од јули до септември 2021 година, преку комуникација на социјалната мрежа „Фејсбук“, довел во заблуда 37-годишник од Кавадарци, здобивајќи се со неговите лични податоци, трансакциска сметка и пин код, кои ги искористил за подигање на кредити во повеќе финансиски друштва во име на оштетениот, како и онлајн нарачки од различни продавници.

Паричните средства и производите завршиле на адреса кај второпријавената А.С. од Скопје, сопруга на првопријавениот, кој се наоѓал на издржување затворска казна во Казнено-поправна установа Штип.