Десетмесечно бебе од Кичево е меѓу новоинфицираните со коронавирусот, објави телевизија Телма.

Последниве неколку седмици Кичево се најде во водечката група на градови по број на новозаболени. Се појавија повеќе нови кластери од кои еден од 30 млади лица, кои изминативе 10 дена биле на одмор во Охрид. Заразеното бебе било во блиски роднински врски на еден од кластерите

Како што информираат од болницата за телевизјата, денеска се хоспитализирани 22-ца пациенти од кои шест се на кислородна подршка, додека еден пациент е во исклучително тешка состојба.