Постојат бројни примени на лукот, и не само во исхраната. Луѓето го користат за тинктури и мелеми, но и против магии.

Дали лукот е толку здрав и дали честата употреба може да му наштети на телото?

Го зајакнува имунолошкиот систем

Мексиканските научници открија дека лукот може да стимулира различни типови на клетки кои се директно поврзани со нашиот имунитет и може да ја зајакне заштитната функција на организмот. Притоа, не е корисно само ако се конзумира свежо, туку и во форма на екстракт.

Ова беше утврдено и од американски научници кои спроведоа истражување на 120 волонтери, од кои на половина им беше даден екстракт од лук, а на другата половина – плацебо. Во групата што го примила екстрактот, луѓето или не се разболеле или, во случај да се разболат, многу брзо закрепнале.

Лукот како антимикробен агенс

Лукот може да се бори против девет од 24 бактериски инфекции и една од десет габи – кандида парапсилоза. Сепак, научниците од Ирска предупредија дека лукот може да се користи само како дополнителна терапија и дека мора да се земаат лекови пропишани од лекарите.

Ја подобрува меморијата

Медицинскиот факултет „Тафтс“ во Бостон откри дека лукот може да има позитивен ефект врз когнитивните функции и да ја подобри меморијата.

Помага при заздравување, но само како додаток во исхраната

Лукот работи врз основа на неговите уникатни антиоксидантни својства. Студија за важноста на екстрактот од лук беше спроведена во Тајланд. Научниците открија дека лукот добро се бори со болестите на срцето и крвните садови, како и во борбата против деменцијата.

Може да го намали крвниот притисок

Лукот може да го намали крвниот притисок, но само доколку се користи редовно, утврдија експерти од Индија. Австралиските научници изјавија дека се базира на фактот дека содржи полисулфиди кои им овозможуваат на клетките да примаат сигнал за елементите што бараат обновување. Ова ќе помогне да се балансира крвниот притисок и да се изедначи нивото на артерискиот крвен притисок.

Предизвикува киселина

Покрај придобивките, лукот може да има и некои несакани ефекти за телото, сметаат експертите. Во случај да имате проблеми со киселина, тогаш мора да ја ограничите употребата на лук или целосно да го отстраните од исхраната.

Предизвикува надуеност

Лукот содржи јаглехидрати наречени фруктани. Ги има и во пченицата, ‘ржот, кромидот, аспарагусот, грејпфрутот, лубеницата, гравот и кашу. Американските научници открија дека нетолеранцијата кон глутен често се меша со нетолеранција кон фруктан, бидејќи симптомите се многу слични: надуеност, болки во стомакот и грчеви. Сепак, овие симптоми нема да се појават ако лукот е термички обработен.