Времето е многу убаво, а вие не можете да изгубите тежина.

И додека неуспешно се обидувате да се ослободите од масните наслаги со разни диети и вежби, не знаете дека финтата е во некои лоши навики.

1. Не јадете доволно
Иако изгледа контрадикторно, многу е важно, доколку сакате да ослабете, да внесувате доволно храна во телото.

Изгладнувањето и драстичното намалување на калориите е најсигурниот начин да го забавите метаболизмот. Наместо да престанете да јадете, треба попаметно да ја консумирате храната

Почнете да готвите, јадете што повеќе зеленчук и не заборавајте да пиете што повеќе вода.

2. Вежбате, но не на вистински начин
Важно е да вежбате колку што е можно повеќе, сепак, мора да имате на ум дека не секој тренинг е ист. Постојат одредени видови на тренинзи кои можат да го забрзаат вашиот метаболизам на долг рок.

Ако веќе вежбате, потрудете се на тренинг. Променете ги вежбите што ги правите секој ден, ставете го трчањето во вашата рутина и резултатите ќе бидат видливи многу брзо.

3. Не се одморате доволно
Ова можеби звучи неверојатно, но губењето килограми бара што е можно повеќе одмор. Хроничниот замор доведува до зголемување на телесната тежина, токму поради таа причина.