Најголемата наша музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Тој зад себе остави голем број на хитови кои го направија славен и популарен, а беше познат и по своите добри и хумани дела, за што беше неизмерно сакан. Неговите песни се‘ уште се слушат и пеат, а еден од неговите најголеми хитови според медиумите од регионот крие голема тага.

Tекстот за песната „Соба за тага“ наводно го напишал маж во затвор кој ја издржувал казната за убиството на љубовникот на неговата сопруга.

Текстот стигнал до менаџерот на Тоше, кој му предложил на пејачот да ја сними таа песна, а останатото е историја.

„Помеѓу врати и прозорци
на кревет спомени лежат
тука се моите чекори
но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам
сите си мислат дека се кријам
нема да пројде само од себе
се ме боли после тебе!“

извор: Republika.mk