Утрово дојава за бомба ја испразни Железничката станица во Скопје, при што веднаш на терен пристигнале екипи на МВР.

Според информациите до кои дојде Плусинфо пријавата за поставена експлозивна направа не е преку електронската адреса, туку командирот на полицијата ги известил директорите во МЖ-Транспорт да ја евакуираат зградата. Веројатно, дојавата за бомба стигнала на полициската адреса, но за ова се уште нема официјални иформации.

Полициските екипи веднаш пристапиле со евакуација сите лица кои во тој момент се затекнале во Железничката станица, каде што исто така е главната автобуска станица во Скопје, локалните дуќанчиња, па откако ги извадиле сите лица кои во моментот биле таму, поради безбедност на останатите граѓанин затворен е и сообраќајот околу Железничката станица.

Бомба не беше пронајдена ниту таму, ниту на другите локации.