„Го направив овој домашен спреј: Никогаш веќе нема да купам средство за чистење, ви се колнам!”

Со овие зборови, ентузијастичката домаќинка на Фејсбук го сподели својот рецепт за чистење на рерната, кој стана практично вирален.

Состојките се прилично едноставни:

  • 1/4 чаша детергент за садови, 1/2 чаша сок од лимон, 1 чаша оцет, 1 1/4 чаши вода

Истурете го сето ова во шише  со спреј прскалка и нежно протресете, така што состојките добро се мешаат.

Испрскајте ја рерната, оставете да делува некое време и со минимален напор рерната ќе изгледа како нова.