За два хороскопски знаци, декември ќе има најмалку среќа, ќе мора да бидат трпеливи и да чекаат подобар период.

За нив советот е да ги прифатат промените и да научат да чекаат затоа што ќе им дојде тоа што е нивно.

Бик
Биковите се први на листата. Целата година беше исклучително напорна и стресна за вас. Најмногу поради промените, а најмногу ги имавте, како на семејниот, така и на љубовниот и на деловниот план.

Ѕвездите не можат да ве направат среќни затоа што ве чека уште еден удар на промени до крајот на 2022 година! Но, веќе во средината на јануари ќе се проширите и работите полека ќе си дојдат на свое место.

Јарец
Јарците имаа предизвикувачка година, најмногу на љубовно поле. Во кариерата имавте мали падови кои не ве исплашија и не ве вознемирија.

Вие го држите тој дел од животот во ваши раце. Но, љубовта ве прави немирни. Враќање на минати партнери, враќање во времето, сето тоа на некој начин е кармички печат. Полека завршувате со нив и сте свесни дека нема што да барате таму. Но, вашиот страв се зголемува, стравот од емоционална осаменост.

Затоа не избрзувајте и влегувајте во врски кои „не ве чувствуваат“ туку застанете и верувајте дека тоа што ви припаѓа ви доаѓа само вам! Во тоа ќе ве убеди 2023 година, а на вас е да и дадете шанса и да и верувате!