Лек од природата.

Глуварчето е златно растение, не само поради изгледот на цветовите, туку и поради лековитото дејство кое го има. Во народната медицина се користат сите делови од растението, а еве како можете да го искористите коренот за намалување на шеќерот и холестеролот во крвта!

Коренот од глуварче најпрво делува како диуретик и има благо лаксативно дејство, односно ја стимулира столицата и го исфрла вишокот течност од телото. Најдобро е да се користат корени од глуварче постари од две години, но и пред цветање – кога ќе процвета, најголемиот дел од хранливите материи од корените се насочени кон цветот.

Коренот на глуварчето најчесто се суши, пече и на тој начин се користи за медицински цели. Неговите придобивки се дека го намалува холестеролот, богат е со антиоксиданси, ги уништува бактериите, го намалува ризикот од воспалителни процеси и е добар за имунитетот.

Лек од корен од глуварче за намалување на стресот: Направете мешавина од еднакви делови од корен од глуварче и ѓумбир. Намачкајте ја смесата со 250 мл вода и варете ја околу 20 минути на средна температура. Кога ќе го тргнете од оган, во добиениот чај додадете една лажичка овошје од глог и оставете го да отстои уште 10 минути. процедете го чајот и испијте го.

Лек за намалување на шеќерот: измешајте 30 g корен од глуварче со 30 g листови од боровинки, 15 g семки од анасон и 30 g семки од тилчец. Добиената смеса измешајте ја, па една лажица од смесата прелијте ја со 250 мл зовриена вода. Оставете да отстои околу 10 минути, процедете и пијте по две шолји чај дневно.

Природните лекови не се замена за терапијата што ви ја препишал вашиот лекар, но помагаат да го подобрите вашето здравје и да го зајакнете организмот. Пред да користите природни лекови, консултирајте се со лекар кој е упатен за вашата здравствена состојба.