Разорните поплави во Германија и Белгија досега одзедоа 90 човечки животи, но бројот се очекува да расте бидејќи повеќе од илјада луѓе исчезнаа во само една област.

Канцеларката Ангела Меркел изрази сочувство до жртвите на „катастрофата, чиј обем ќе се види само во наредните денови“.

Повеќе од 1.000 спасувачи ја помагаат областа, додека властите велат дека е рано да се каже колкава е штетата.

Девет жители на домот за хендикепирани лица и двајца пожарникари кои помагале во акцијата за спасување загинаа во Рајнска област-Пфалц.

Властите во областа Ахвилер во западна Германија во четвртокот вечерта соопштија дека очекуваат да се зголеми бројот на жртвите, додавајќи дека околу 1.300 лица се водат како исчезнати, но истакнаа дека треба да се има предвид дека има оштетувања на мобилните мрежи.

Во градот Бад Ноенахр-Арвилер се извршени повеќе од спасувачки мисии, а некои сè уште траат.

“Има мртви, луѓе се водат за исчезнати, а многумина се уште се во опасност. Никогаш не сме виделе ваква катастрофа, ова е ужасно”, рече гувернерот на провинцијата Рајнска област-Пфалц, Мала Дрејер.

За време на нејзината посета на Вашингтон, канцеларката Ангела Меркел рече дека четвртокот беше обележан со страв, очај, страдање и стотици илјади луѓе одеднаш се соочија со катастрофа.

„Изразувам сочувство до сите оние кои ги загубија своите најблиски во катастрофата и со сето срце стојам покрај оние што се грижат за судбините на луѓето што се водат како исчезнати“, рече таа, додавајќи дека страдаат и многу луѓе во Луксембург и Холандија.

Во Белгија, бројот на смртни случаи како резултат на поплавите се искачи на девет.