Германската влада се подготвува да прогласи алармантна ситуација поради гасот, во согласност со националниот план за вонредни состојби.

Државниот секретар во Министерството за економија и заштита на климата, Патрик Грајхен, ја подготвил енергетската индустрија за претстојниот чекор.

Министерството не ја потврди ниту пак ја негира информацијата, а според извештајот, компаниите од енергетската индустрија се подготвуваат за претстојното објавување на тревога.