Македонија не е веќе класифицирана како област со висок ризик, соопшти Германската амбасада од Скопје.

„Дигиталната регистрација за влез треба да се изврши само доколку во последните 10 дена пред влезот, во одреден период, сте престојувале во област, која во моментот на влезот, била класифицирана како високо ризична или област со варијанти на вируси. Лица кои влегуваат од Северна Македонија моментално начелно не мора да бидат во карантин, стои во известувањето од амбасадата.