Германски воени авиони патролираат на небото над Полска, соопшти денеска командата на германското воено воздухопловство.

„Го чуваме небото над Полска“, објави германското воздухопловство во објава на Твитер со фотографија од борбен авион во лет.

Германија претходно најави дека ќе испрати воен патролен авион од типот Торнадо во областа над Балтичкото Море.