Денес во Скопје осамна герила акција која ги разобличи лажните вести кои се шират по социјалните мрежи, но и од медиуми и официјални лица.

Голем број коментарори на социјални мрежи, како и многу портали пред извесно време објавија дека “АСНОМ е избришан од Уставот”. Ваквата вест беше пласирана како свесна манипулација, но која брзо се прошири и предизвика револт кај граѓани.

Денес сите се свесни дека пласираната вест беше лажна, а за спречување од таква манипулација во герила акцијата се предупредува „Отвори си ги очите: Ако мижиш, ќе те лажат!“.

Герила акцијата како обид за разобличување на лажните вести користи народни мудрости, со цел полесно да бидат забележани и запомнети, но и да ја посочат штетата и неморалноста на лажењето.