Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски откако ги потенцираше нереалните ветувања од програмата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар, таа со агресивен и висок тон му упадна во збор и се обиде да ја преземе дебатата на „Само вистина“ на Канал 5.

„Ние знаеме и нудиме конкретни, прецизни решенија каде, кога ќе градиме. Има достапни податоци на страната на општина Центар. Кога се носат ДУП-ови во истите се предвидува што ќе има таму, за да ние сакаме да бидеме градоначалници треба да бидеме подготвени да знаеме на тие донесени досегаѓни ДУП-ови, ГУП-ови што е нацртано. Недопустливо е да нудиме решенија, а да не знаеме како ќе ги реализираме. Вакви небулози, да се гради, а да не се знае кога и каде ќе се гради е недозволиво“ кажа Георгиевски.

На тоа Котлар реагираше со висок тон и арогантно го прекинуваше Герасимовски, кој не можеше да ја претстави својата програма и ѝ укажа на неговата противкандидатка дека тој ја ислушал и истото го побара од неа таа, со цел да не биде некоректна.

„Можеби не е коректно, ама е практично“ одговори таа и продолжи со ист тон и агресија.