Не е моќна градежбата урбана мафија, но тоа е сложен процес, а нам требаат многу средства за да се постапи на многу места во исто време и затоа сме обвинети за селективност, ни требааат минимум 60-70 илјади денари за да можеме да делуваме на 10 места одеднаш, рече градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, во гостувањето на Канал 5.

-Потребна ни е финасиска помош, а капацитет имаме. Дивоградбите се проблем на ниво на цела република затоа се донесе и закон, а Охрид е на тапет бидејќи е заштитено подрачје. Не сите дивогради се изградени сека, од 15.000 барања за легализација на објекти голем дел се изградени уште во 80-тите години, а опозицијата наместо да напаѓа нека одговорат колку дивограби тие срушија, рече Георгиевски.

-Никогаш не сум бил уплашен за мојот живот при отстранување на дивоградбите, во јавноста се врти изјава извадена од контекст, јас само сакав да кажам дека дека имаме поднесено преку 150 кривични пријави и обвинителството не ги процесуира , а паралелата беше дека неказнивоста носи непочитување на законите, рече Георгиевски.