Обраќање на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба, Борче Георгиевски:

Изминативе четири годни ја отворивме општината за граѓаните. Секој четврток беше ден посветен за вашите прашања, предлози и критики.
Сите сектори во општината имаат точно утврден ден за прием на граѓаните, каде може да направите увид во предметите.

Оваа пракса ја продолжуваме и понатаму.

Четврток останува приемен ден за граѓаните. Одиме чекор понатаму, покрај во општината, граѓаните барањата и предлозите ќе можат да ги достават во месните заедници и преку електронски пат.

Заедно со службите ќе дојдеме во вашето населено место за да ги слушнеме вашите проблеми и вашите предлози.

Двонасочната комуникација со вас граѓаните ни е посебно важна. Затоа ја стартуваме и апликацијата М-заедница. Апликација на која ќе можете да пријавите проблем или да дадете ваш предлог.

Го продолжуваме и проектот Буџет за сите. Вие граѓаните и во следните четири години ќе одлучувате како и за што ќе се трошат парите во буџетот на општината.
Токму ова не прави различни од другите.

Ние ги слушаме граѓаните и работиме за нив, додека другите блокираат слушајќи ги партиските наредби.

Докажав дека сум градоначалник еднаков за сите. За мене секој е важен.

Така продолжувам и во наредните четири години.

Заедно со вас, граѓаните, да го донесеме најдоброто за Гази Баба.