„Во март веќе е најавено зголемување на пензиите, а тогаш е планирана и уште една корекција на минималната плата согласно новата методологија. Се очекува таа да биде околу 20 илјади денари“ изјави пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека зголемување на минималната плата во март ќе добијат 10 до 15 илјади граѓани, а уште 25 илјади ќе имаат зголемување на платите со усогласувањето.

Георгиевска кажа дека во новиот Буџет се предвидени овие средства, со цел да се помогне на граѓаните полесно да се справат со кризите и да се амортизира инфлацијата.

„За пензиите се издвоени 1,2 милијарди евра во Буџетот, односно за 120 милиони евра повеќе од оваа година“ рече Георгиевска.

Пратеничката од СДСМ изјави дека предвидувањата на Светска банка и ММФ за наредната година предвидуваат раст од 2,3 до 3 отсто и стабилизација на економијата.