„Кога дедо ми Оцка ја пишувал песната ‘А бре Македонче’, оригиналната верзија е со стихот ‘денешните тирани’. Тој загинува во 1942 година, а потоа песната се трансформира. Оваа верзија, за која се тврди дека е изменете, е од седумдесетите години од Драган Шуплевски и таа верзија ја пејат сите хорови“ изјави Гордан Георгиев, внук на Ордан Михајловски – Оцка во „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека иако земјава се поставува помеко кон Бугарија, сепак не може да се негираат фактите за фашистичкиот режим на Бугарија.

„Не мислам дека треба гради во гради да се тепаме со Бугарите, но треба да знамеме и можеме да укажеме, не само на нашите соседи, туки и на меѓународната заедница, кои сме, што сме и дека нема да се шегуваме на таа тема“ рече Георгиев.

Тој додаде дека ситни се обидите за минимизирање на фашистичкото минато на режимот на Бугарија од тоа време и дека не смее да се минимизира улогата во депортацијата на Евреите, за што има историски факти.