Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, по средбата со премиерот Зоран Заев, се сретна и со други претставници на Владата.

Тој беше на работна вечера со министерот за правда, Бојан Маричиќ, со советникот на Заев за надворешна политика Едмонд Адеми, како и со националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец.