Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во земјава и веднаш започна со операција за гаснење на пожари.

Авионот веќе полета и ќе дејствува во беровскиот регион.

Според центарот за управување со кризи станува збор за специјализиран авион кој носи пожарникари и 6-тонски кеси кои се полнат со вода и при летање на подрачјето тие се пуштаат и во форма на падобран бомба се распрскуваат врз огнот.