– Секоја недела, без разлика дали сме во кампања или не, одам кај мојот другар Амир којшто веќе со години продава свежо и квалитетно овошје и зеленчук, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи.

– Низ пазарот во Тафталиџе сите го знаат како човекот со креативните пораки на своите производи. Денес знаеше дека ќе дојдам и пријатно ме изненади. Секоја чест Амир!, напиша Шилегов откако ги виде пораките кои Амир ги оставил на производите кои секојдевно ги продава на пазарот во Тафталиџе.