Нов мобилен мамограф инсталиран во Здравствен дом Неготино, обезбеден со поддршка од Владата на Р.Бугарија. За таа цел, министерот за здравство Беким Сали заедно со амбасадорот, г.Ангел Ангелов и министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генцовска денеска присуствуваваше на примопредавањето на овој апарат чија вредност изнесува 140 000 евра.
– Ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места и фокусот го ставаме на превенцијатата зашто навременото дијагностицирање на канцер на дојка спасува живот, и воедно преземаме активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка.

Паралелно, заедно со докторите, здравствените установи и невладиниот сектор и во наредниот период продолжуваме со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да спаси живот на многу пациентки, истакна министерот Сали.
Предноста на овој мамограф е што е пренослив и согласно потребите ќе биде ставен на располагање за жените и од други помали населени места.