Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба Пинтија

Денеска екипите на ЈП Улици и патишта – Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување, велат од град Скопје.

Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.

Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата.

Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Инаку потпорниот ѕид бил изграден за време на владеењето на Коце Трајановски.