Засега нема пријавено ниту еден повреден во пожарот кој вечерва околу 23 часот избувнал на врвот од катната гаража во центарот на Скопје, каде што е и лоциран и познатиот ресторан Рагуза,  објави порталот Centar.mk.

Според неофицијални информации токму во ресторанот имало и свадба.

Засега, според неофицијални информации на Centar.mk не е пријавено ниту едно повредено лице, а сите присутни биле успешно евакуирани.

Со брза интервенција на противпожарната служба која ја користела новата скала наменета за вакви пожари на висококатници пожарот е изгасен.