Весело и разнобојно беше денеска на Клиниката за детска хирургија. Децата ги посети Дедо Мраз и ликови од омилените цртани филмови.

Заедно за децата – новогодишни пакетчиња за децата во Клиниката за детска хирургија

„Организиравме настан со кој предизвикавме насмевки на детските лица, ги развеселивме и им подаривме новогодишни пакетчиња“ – изјавија за Фронтлајн од Клиниката.

Настанот во организација на Клиниката за детска хирургија беше организирана под мотото „Заедно за децата“.

Радоста што Дедо Мраз и ѕвездите од цртаните филмови ја донесоа, ја забележа камерата на фотографот Ангел Ангеловски.

Извор: Frontline.mk