Фејсбук статус на Министерот за здравство, Венко Филипче:

За првпат во јавното здравство, во нашата држава, се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од 3 Tesla. На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај наши пациенти. Еден од модулите за дијагноза ги нема ниту во центрите во регионот. Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината кај нас. Со новите апарати капацитетот на Инстиутот ќе се зголеми за 50%, а пациентите повеќе нема да чекаат.