Никој не сака да ги гледа! ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска оддржуваат нова тура отчет, во некоја скапо платена сала, каде е поставен и видео бим,а има и публика која му аплаудира.

Во моментот кога направивме скриншот, настанот, во живо го гледале само 49 луѓе, иако го споделуваат сите медиуми во сопственост на унгарските структури инсталирани во медиумскиот простор.

На настанот присуствуваат дваесетина луѓе, меѓу кои и лидерот Мицкоски. Интересно е што се претставуваат изградби, доградби на училишта и градинки кои биле завршени од претходната власт во Штип, Кочани, Облешево и други градови во овој дел од земјата.

Претходно ВМРО ДПМНЕ објави дека направиле 1090 проекти, изградиле шеесетина училишта, над 30 градинки во првите сто дена од власта во локалните средини, социјалните мрежи почнаа да тераат мајтап со ваквите лаги, имајќи во предвид дека за да се изгради училиште или градинка, или улица е сеопфатен процес кој трае и до година, две поради креирање на проект, тендер, жалби и тн.